Ликовна колонија во училиштето во Агино село

05.11.2015 10:53 | KumanovoNews

Во училиштето “Кирил и Методиј“ во Агино село утре ќе се одржи ликовна колонија, организирана од Здружението за грижи и воспитување на деца Куманово.

Ликовна колонија во училиштето во Агино село

Оваа ликовна колонија се реализира по повод празникот на градот - 11 Ноември, а секое училиште ќе учествува со по два ученика.

Ова е наша програмска активност. За време на ликовната колонија, учениците ќе се сретнат со уметничкиот процес на асанблаж и креирање на една творба од 50х50, табла покриена со лепило за плочки, на која ќе се составува уметничката творба со материјали како капачиња за шишиња, цевчиња за сок, искршени плочки во разни бои, скршени пластични чаши и друго. Таа потоа ќе биде дел од групна творба со мозаично составување на сите творби на една голема групна творба во форма на сложувалка од сите учесници на ликовната колонија - кажа Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на деца Куманово.

Ликовната колонија ќе започне во 10.30 часот. Таа е традиционална и секоја година се одржува во различно училиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk