Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Е.А.(39) од Липково, вработен во ЕВН незаконски демонтирал електрично броило и го поставил на куќа во селото Сопот.
Тој во текот на 2014 година спротивно на прописите од мрежните правила и упатство за промена на мерните уреди на ЕВН, без да изготви документација демонтирал броило и го приложил како дел од постапка за нов приклучок, по што го монтирал на куќата на В.Ф.(43) во селото Сопот. За оваа услуга вработениот во ЕВН земал 500 евра, а В.Ф. во 2014 и 2015 година ја оштетил ЕВН за сума од 76.570 денари.
Е.А. ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и измама, а В.Ф. за кражба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk