Липково ќе избира ново општинско знаме

05.02.2015 09:14 | KumanovoNews

На барање на советниците, општина Липково распиша конкурс за избор на ново општинско знаме.

Липково ќе избира ново општинско знаме

Предлозите можат да се доставуваат до 20 февруари, по што на седница на Советот на општина Липково ќе биде избрано најдоброто решение.

„Новото знаме треба да ја отсликува традицијата и културата на општината. Предлозите анонимно под шифра треба да се достават во општината. Ако има повеќе предлози, еден ќе биде избран за ново знаме и награден со 200 евра, за вториот најдобар предлог ќе има награда 150 евра и за третиот 100 евра. По предлозите ќе гласаат советниците и тие ќе одлучат“ - објасни Неџати Османи, секретар на општина Липково.

Старото знаме општината го користи повеќе од 15 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk