Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното комунално претпријатије “Бор“ од општина Липково, годинава планира да набави 3000 канти за смет со помош на странски донации.
Доколку обезбедат средства од странски донации, ќе купат и мал камион за собирање на смет во тесните улички.
“Ќе аплицираме каде што ќе ни се укаже прилика за да ја обновиме комуналната опрема. Овие канти за смет ни се навистина потребни. Од 2010 година наваму немаме набавено нови канти, а оние кои сега ги користиме се стари, дотрајaни, се кршат“ - вели Фатмир Тасуми, директор на Јавно комунално претпријатије “Бор“ од Липково.
Претпријатеито собира смет во 12 населени места во општина Липково.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk