Липково доби камион за собирање смет

30.12.2014 10:31 | KumanovoNews

Јавното комунално претпријатије во општина Липково доби камион за собирање на смет, донација од швајцарска компанија од Цирих.

Липково доби камион за собирање смет

Камионот ќе придонесе за модернизирање на возниот парк во претпријатието, бидејќи наскоро ќе започне собирање на сметот во општината.

“Камионот го добивме пред десет дена. Со царина завршивме, сега треба да се регистрира и да го ставиме во функција. Имаме вкупно два трактори и три камиони за собирање на смет, и ќе ни треба уште едно помало возило за собирање на смет во тесните улици, но се надеваме дека во 2015 година ќе го добиеме“ - вели Фатмир Тасуми, директор на Јавно комунално претпријатије во Липково.

Од истата швајцарска компанија и лани комуналното претпријатије доби камион донација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk