Липково и Гнилане бараат нов граничен премин

16.02.2011 14:52 | KumanovoNews

Градоначалникот на Липково, Садула Дураку најави дека наскоро ќе се отвори граничниот премин Белановце-Станчиќ за поврзување на кумановско-липковскиот регион со Гњилане и Витина.

Липково и Гнилане бараат нов граничен премин

 "Јас сум оптимист и верувам дека наскоро ќе започнат работите за изградба на граничен премин, со кој ќе се подобри комуникацијата на двете држави", рече Дураку.

Тој додаде дека отворањето на овие гранични премини е од исклучително значење за жителите од двете страни на границата.

Општината Липково својот економски развој го гледа во трговијата со косовските општини.

И градоначалникот на Гнилане, Кемал Мустафа  при вчерашната посета на Куманово, побара да се забрза изградбата на патот до границата, за да се поврзе со нивниот, и да се создадат услови за отварање на новиот граничен премин.

Гнилане и Липково воздушно се оддалечени триесетина километри, а преку граничниот премин  Блаце се заобиколува  околу 200 километри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk