Липково има 300 првачиња, Старо Нагоричане 31 прваче

02.09.2015 08:51 | KumanovoNews

Оваа учебна година во општина Липково се запишани 300 првачиња, а во Старо Нагоричане има 31 прваче.

Липково има 300 првачиња, Старо Нагоричане 31 прваче

Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково вели дека во нивната општина бројот на првачиња е зголемен, и во однос на лани имаат 10 до 15 првачиња повеќе.

Во мај се запишани 300 првачиња. Во меѓувреме можеби е запишано уште некое дете и тој податок ќе го добиеме од директорите на училиштата во наредните денови. Бројот на првоодделенци е зголемен. Најмногу правчиња има во селата Матејче и Слупчане - изјави Рахмани.

Од секторот за образование во општина Старо Нагоричане објаснуваат дека оваа година имаат 31, а лани имале 23 првачиња, што значи дека имаат благо зголемување на бројот на ученици. Во училиштето “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане има 7, во Младо Нагоричане 14 и во Драгоманце 10 првачиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk