Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Липковската гимназија “Исмет Јашари“ во рамки на проектот за меѓуетничката интеграција во образованието соработува со средното училиште “Митко Пенџуклиски“ од Кратово.
По тој повод учениците од двете училишта во Кратово деновиве се дружеа и цртаа.
- Наши ученици беа во посета на Кратово, а претходно и тие доаѓаа кај нас. Сега е летниот распуст во тек, но понатаму ќе имаме повеќе заеднички активности. Ги следиме инструкциите од проектот кој е поддржан од УСАИД, Министерството за образование и општините. Слична соработка имаме и со училиштата од Куманово и Свети Николе - рече Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.
Соработка во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција има и на ниво на основни училишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk