Приведена инспекторка поради примање поткуп

01.11.2024 16:27 | KumanovoNews

Градежнa инспекторка во Oпштина Куманово, денеска била приведена откако била затекната како прима поткуп од 4.000 евра. 

Приведена инспекторка поради примање поткуп

Од екипи на СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција, денеска во 13.30 часот приведена е Л.Т.  по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357.

„На 25.09.2024 во СВР Куманово е пријавено дека овластениот градежен инспектор Л.Т. вршела контрола на објект во изградба, кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење. За да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп. Прво сума од 1500 евра, за да на 31 октомври ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки.

На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово, стои во соопштението на МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk