Литија за Свети Никола на Градскиот плоштад во Куманово

11.12.2018 15:12 | KumanovoNews

Здружението „Коледари“- Чувари на традицијата, за празникот Свети Никола, организира литија на Градскиот плоштад во Куманово.

Литија за Свети Никола на Градскиот плоштад во Куманово

 Во чест на Свети Никола, големиот христијански празник и заштитник на нашиот град ќе се одржи света литија низ улиците на Куманово.  На иницијатива на здружението Коледари и со благослов на владиката Јосиф, сакаме да ја возобновиме оваа традиција. По тој повод ве покануваме на 19 декември(среда), во 12.30 часот да се собереме во што поголем број во дворот на црквата Свети Никола, од каде ќе тргне свечената литија, - информираат организаторите.

Свеченост по повод празникот ќе продолжи во 13 часот на Градскиот плоштад пред Центарот за култура во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk