Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љиљана Георгиевска, претседстелка на здружението на стечајните работници УНИТ, денеска и задутре треба да се појави на судење во Основниот суд 1 во Скопје, заради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на матерјална штета на протести пред Влада.
Таа прекршочно се гони за две дела што наводно го сторила пред три години.
„Во оваа држава сите крадат а само Љиљана Георгиевска ќе оди на суд. Ме тужат за глупости. Сум направила штета на Република Македонија пред владата сум скршила оловна цевка. Па таа не може ни со бонсек да се исече а не со голи раце да се скрши. Јас и на судиката и реков: „Да бев јас толку силна и полицајците ќе ги истепав па ќе влезевме во Влада„. Тоа беше на протест во 2014 година, полицијата направи престап и влезе меѓу стечајните работници. Тоа дело е веќе и застарено, но идат избори па да ме заплашат малку„ - вели Георгиевска.
Подршка пред Судот во понеделник на Георгиевска денеска ќе и бидат стечајците од цела држава, кои во 10 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај Судска пaлата.
Стечајните работници бараат од невладините организации, политичките партии и граѓаните да им се приклучат и да им помогнат во остварување на нивните права.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk