Лојанци во дворот на селската џамија ограбиле Авганистанец

30.04.2015 11:46 | KumanovoNews

Тројца жители на липковското село Лојане, месецов во дворот на селската џамија ограбиле Авганистанец.

Лојанци во дворот на селската џамија ограбиле Авганистанец

Ј.З.(17), М.И.(22) и Ф.Ј.(23) околу 2 часот во дворот на селската џамија го нападнале, и со употреба на физичка сила и закана со нож го ограбиле Е.Х.(20) од Авганистан. Насилниците одзеле мобилен телефон и 400 евра, со што незаконски заработиле 36.000 денари. На Авганистанецот разбојниците му нанеле повреда, расекотина на левата рака.

На пријавените истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, и против нив се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело разбојништво.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk