Локализиран пожарот кај Бељаковце и Стрезовце, хеликоптерот на МВР исфрли над 30 тони вода

12.09.2023 21:26 | Сузана Николиќ

Пожарот во атарот на селото Бељаковце е целосно изгаснат. Дежурни екипи на ТППЕ Куманово и Ранковце ќе останат на две позиции од кои ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган, информираат од ЦУК.

Локализиран пожарот кај Бељаковце и Стрезовце, хеликоптерот на МВР исфрли над  30 тони вода

„Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk