Локалниот совет за превенција од семејно насилство бира координатор

16.06.2011 10:08 | KumanovoNews

 Женскиот центар „Жена на 21 век„ по формирањето на Локалениот совет за превенција од семејно насилство треба да избере раководство кое ќе ги координира активностите на новото тело.

Локалниот совет за превенција од семејно насилство бира координатор

Во советот покрај невладините организации вклучени се и претставници од полицијата, судот,обвинителство, Центар за социјални работи, лекари, адвокати, медиуми, верски организации и образование. Стратегијата на Советот покрај Куманово ги опфаќа и општините Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово.

Изборот на кординаторот ќе биде вечерва во 19 часот во салата на Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk