Локалните избори во октомври?

15.05.2017 13:54 | KumanovoNews

 Локалните избори да се одржат во првата половина на октомври 2017 година, начелно било договорено на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, на која присуствувале претставници на СДСМ и коалицијата, на ДУИ, на БЕСА, Алијанса за Албанците и на ДПА.

Локалните избори во октомври?

„Партиите се договорија да постигнат договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина на октомври. Мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. Исто така, претседателот Џафери беше известен дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

На кординацијата немало претставник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Џафери очекува во краток рок партиите да постигнат договор за формирање на работните тела на Собранието, заради измените на Изборниот законик бидат донесени согласно деловничките процедури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk