Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под влијание на циклонска активност од денес попладне и во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m 2 за 24 часа).
Како што соопштуваат од Управата хидрометеоролошки работи локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.
Од УХМР предупредуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk