Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ловци од ловечкото друштво “Фауна“, преку зима го прехрануваат дивечот во липковските ловишта.
На точно определени места во хранилки оставаат пченка, пченица, сено и детелина за животните.
“Ги прехрануваме секоја година додека има снег. Фрламе огромна количина пченка. Нешто ни даваат граѓаните, нешто ние купуваме. Има срни, диви свињи, зајаци, еребици. Штом имаат храна, секако дека полесно ќе ја поминат зимата“ - вели Имер Ибраими, претседател на ловечко друштво “Фауна“.
Организирано ловците од друштвото со возила излегуваат на терен и носат храна за дивечот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk