Ловџија повреден на лов во Матејче

29.11.2021 11:45 | Сузана Николиќ

Во СВР Куманово, вчера во 14.35 часот било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково. 

Ловџија повреден на лов во Матејче

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk