Лозарите денеска ги закројуваат лозовите насади

14.02.2019 12:09 | KumanovoNews

 По традиционалните обичаи, лозарите денеска ги закројуваат лозовите насади.

Лозарите денеска ги закројуваат лозовите насади

На празнувањето на Св. Трифун, лозјето симболично се полева со вино и ракија за богат род и желба за заштита од град и суша.

На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род.

Кај народот за овој празник се поврзуваат различни обичаи и приказни. Снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќетот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk