Луиза Винтон во посета на општина Куманово

01.11.2017 13:08 | KumanovoNews

Претставничката на УНДП Луиза Винтон, денеска беше во посета на општина Куманово.

Луиза Винтон во посета на општина Куманово

Нејзиниот домаќин градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, истакна дека се работи за прва посета од меѓународен претставник, а се разговарало за идната соработка со УНДП.

„Благодарен сум за целата подршка што ја имавме од оваа меѓународна институција во изминатиот период и се надевам дека во таков дух ќе продолжиме во наредниот период,“ - изјави Димитриевски.

Гостинката кажа дека како почесен граѓанин на Куманово одлучила нејзината прва посета по изборите да биде токму на Куманово.

„Драго ми е што продолжуваме со нашата соработка на довршување на проектот за заштита од поплави на реката Липковка. Но тоа е само еден од проектите, денеска сме тука да поразговараме за можни идни проекти и продлабочување на соработката“, - изјави Винтон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk