Luxe City Taxi го слави првиот роденден

28.12.2019 14:40 | KumanovoNews

Најреномираната такси компанија во Куманово Luxe City Taxi, слави една година постоење и успешна работа.

Luxe City Taxi го слави првиот роденден

Во изминатиот период компанијата воведе повеќе новини во своето работење, пред се во подигање на квалитетот и безбедноста на услугата, а воспостави и нови правила во односот со патниците.

„По повод роденденот, решивме да им вратиме на потрошувачите и на општеството. Се ближи  Нова година, па во тој дух и во име на роденденот решивме да донираме пакетчиња на оние дечиња на кои им е најпотребно. Ја подржавме акцијата на РотарАкт - Пакетче за секое дете, во која се поделија вкупно 280 пакетчиња кај деца од руралните средини. Овој викенд нашите потрошувачи ќе имаат можност да добијат изненадување - гратис возења. На секој десетти повик на бројот 13582 следи гратис возење до посакуваната дестинација. Трето, за секој патник подготвивме мала честитка со искрена желба за среќни новогодишни празници “ - вели сопственикот Иван Џартовски.

 Како општествено одговорна комапнија Luxe City Taxi, редовно се вклучува во речиси сите акции за помош, а така ќе продолжи и во наредната година.

Во текот на летниот период компанијата организираше наградна игра и додели патувања за голем број на граѓани. Luxe City Taxi ќе продолжи со истото темпо на раст и развој, се во интерес на граѓаните и заедницата во која жиивевеме. Само висок квалитетот и посветеност е гаранција дека може да се стигне до саканата дестинација, со ова мото Luxe City Taxi го гради својот имиџ и секој ден е се поблиску до граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk