Маестрално музичко доживување на кумановци со Трио Џентламен (видео)

22.08.2023 18:32 | Оливера Пешевска

На  синоќашниот концерт на триото „Џентламен“ на платото пред Центарот за култура во Куманово се собра публика која вистински уживаше во најголемите светски хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и песни од македонското творештво.

Маестрално музичко доживување на кумановци со Трио Џентламен (видео)

Публиката беше воодушевена од настапот на  Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор,сите професионални оперски пејачи вработени во Македонската опера и балет.

„Добрата енергија, добриот збор, добрата мисла не собра. Првично започнавме со колегата Дарко Нешовски,кој веќе не е дел од триото, а на негово место дојде Јане Дунимаглоски, поради тоа што има иста енергија, иста љубов кон музиката и негуваме исти троглас.Се надеваме дека ќе останеме уште долго заедно“, рече Кристијан Антевски.

Триото кое има активно концертно портфолио досега има настапувано повеќепати во Куманово.

„Настапуваме низ цела  Македонија, нема град каде не сме настапувале, но гостуваме и пошироко. Куманово го има најубавиот народ пред кој сме пееле,тука е многу убава енергијата. Жив и интересен град“, изјави Јане Дунимаглоски.

Искусните музичари нескриено уживаат во она што го изведуваат,но го зачинуваат и со некое играчко движење. Создадоа атмосфера во која присутните навистина уживаа и со аплауз ги поканија на бис.

Во преговори се за неколку месец да го повторат гостувањето во Куманово,во Центарот за култура.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk