Маглата го наполни Диспанзерот за белодробни заболувања

16.12.2014 09:47 | KumanovoNews

Од 15 - 20 пациенти дневно, бараат лекарска помош на Пнеумофтизиолошкиот диспанзер Куманово.

Маглата го наполни Диспанзерот за белодробни заболувања

Лекарите кажуваат дека обемот на работа им е зголемен поради тоа што густата магла и студеното време не погодуваат на хронично болните.

„Се препорачува на бронхитичарите, астматичарите, луѓето што кашлаат, имаат гушење, бремени жени во подоцен стадиум на бременост ако немаат потреба да не излегуваат надвор. Исто се однесува и за малите деца , постари луѓе, срцевоболни. Овие луѓе треба да избегнуваат да излегуваат на студено и магливо време, или ако мораат тоа да го направат околу пладне кога маглата ќе се расчисти“ - вели Светлана Петровска Талевска, специјалист пнеумофтизиолог во Пнеумофтизиолошки диспанзер Куманово.

Петровска Талевска вели дека во зима поради честа појава на  вирози и настинки имаат двојно повеќе работа од вообичаено.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk