Маглата ја намали видливоста во кумановско

19.12.2013 10:14 | KumanovoNews

Густата магла што ноќеска падна во кумановско, ја намали видливоста на патиштата до 20 метри.

Маглата ја намали видливоста во кумановско

На Петровец и Кула таа изнесува до 50 метри, Д.Капија до 70 м, Скопје до 100м, Неготно до 200 метри.

 Од АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта во државата се одвива по влажни коловози во поголемиот дел од земјата. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.

Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk