Маја Ѓеорѓиевска е нова директорка на Филијалата на Комерцијална банка во Куманово

12.01.2024 13:47 | Сузана Николиќ

Со Филијалата на Комерцијална банка во Куманово започна да раководи Маја Ѓеорѓиевска, дипломиран економист со богато банкарско искуство. Ѓеорѓиевска доаѓа на местото на досегашната директорка Сузана Цветковска, која во декември заминува во пензија.

Маја Ѓеорѓиевска е нова директорка на Филијалата на Комерцијална банка во Куманово

„Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Комерцијална банка, но воедно да се биде дел од тимот на најголемата банка во државата, претставува и вистински професионален предизвик. Со мојот тим во Филијалата во Куманово ќе продолжиме да работиме во духот на партнерството, не само помеѓу нас, туку и со нашите клиенти, имајќи ги предвид нивните потреби и интереси. Ќе продолжиме да бидеме лидер во иновативните финансиски процеси, обезбедувајќи им на клиентите извонредни решенија и бројни привилегии“, вели Ѓеорѓиевска, која долги години работи во банкарскиот сектор во земјава.

Комерцијална банка, како најголема банка и една од најуспешните банки во земјава, има широка палета на производи и услуги, прилагодени на различните потреби на клиентите, како што се услугите во областа на платниот промет во земјата и странство за физички и правни лица, издавање на картички за правни и физички лица и прифаќање на картички на ПОС терминали и E-commerce, кредитните и депозитните производи за физички и правни лица, така и во областа на инвестиционо банкарство, тргување со хартии и вредност, продажба на удели во КБ Публикум и сите видови на осигурување. И секако, како Банка која е лидер во дигитализацијата своите банкарските производи и услуги ги прави достапни 24/7 до секој нивни корисник.

Овие иновации и инвестиции, како и успешното финансиско работење, и оваа година ѝ ја донесоа на Комерцијална банка престижната меѓународна награда „Банка на годината за 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker и тоа по јубилеен 10-ти пат.

(ПР текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk