Мајстор наместо да поправи лап-топ, го продал

28.11.2012 12:01 | KumanovoNews

 А.И.(23) во Куманово, останала без својот лап-топ, откако мајсторот и го продал.

Мајстор наместо да поправи лап-топ, го продал

Инцидентот се случил во септември, кога С.Ј.(21) од Куманово, од дома го зел компјутерот со намера да го поправи. Откако по краток период не го вратил девојката го побарала. Тогаш С.Ј.и признал дека го продал за 18.000 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј. за сторено кривично дело затајување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk