Македонците сепак ќе може да влегуваат во Бугарија со вакцинален сертификат и ПСР тест

18.01.2022 08:54 | KumanovoNews

Надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани, по интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.

Македонците сепак ќе може да влегуваат во Бугарија со вакцинален сертификат и ПСР тест

„Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби“, соопштуваат од МНР.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk