Македонија доби покана за членство во НАТО

11.07.2018 19:56 | KumanovoNews

Членките на НАТО денеска на Самитот во Брисел се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.

Македонија доби покана за членство во НАТО

„Го поздравивме договорот меѓу Атина и Скопје. Се договоривме да ја поканиме Владата во Скопје да почне пристапни преговори за членство и штом завршат сите национални процедури да се финализира договорот за името, земјата ќе му се приклучи на НАТО како 30. членка“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на Северноатлантскиот совет.

На Самитот во Брисел присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk