Македонија ги слави двата Илиндена

02.08.2017 08:58 | KumanovoNews

 Денеска се навршуваат 114 години од Илинденското востание и 73 година од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.

Македонија ги слави двата Илиндена

Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености ширум земјата.

Во Меморијаниот центар Пелинце прославата ќе започне во 11 часот, а на неа ќе говори министерот Кочо Аѓушев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk