Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе започне во 18.30 часот на просторот пред парламентот со говори на претставниците на државниот врв.
Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Македонија со почеток во 17:30 часот, а ќе започне со изведба на делото „Симфонија за филхармонија" од композиторот Живоин Глишиќ по што следи дефилето.
Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на државната химна од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.
По обраќањето на премиерот, односно од 19:30 часот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.
Покрај официјалните гости и медиумите, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1.000 акредитирани граѓани кои приложиле вакцинален сертификат или потврда за прележаност од Ковид-19.
Во Куманово Денот на независноста ќе се одбележи во 11 часот, со полагање на цвеќе пред споменикот на „Жена Борец“ во центарот на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk