Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Република Македонија денеска го слави Денот на независноста.
Пред 25 години, на 8 септември 1991 година беше спроведен референдум на кој 95 отсто од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност.
Во изминатите 25 години Македонија мина низ многу турболентен период, ембарго, тешка економска состојба, политички кризи а најкритична беше 2001 година кога земјата се соочи со внатрешен конфликт.
По повод Денот на независноста на Република Македонија денеска на Спомен костурницата во Куманово, свежо цвеќе ќе положат делегации на општина Куманово, политички партии, невладини организации и граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk