Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија има реални шанси да влезе во Европската унија за 15 години, додека песимистичките проекции се за 30 години, рекоа дел од панелистите.
Секторот за евроинтеграции при општина Куманово и Европско движење на Македонија, по повод 9 - мај Денот на Европа, организираа трибина на тема „Македонија во Европа- реланост или фикција?“.
Воведничар на дискусијата беше градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој зборуваше за улогата на локалната самоуправа во демократското општество и заложбите за демократизација на Република Македонија.
„ Македонија во моментов е во ќорсокак на европскиот пат, со оглед на тоа што се наоѓаме во длабока политичка криза. Имаме суспензија на демократските процеси, како основно човеково право, слобода на медиумите, една голема коруптивна афера. Од тој аспект нашите ментори, оние што не опсервираат и ни даваат правец сметаат дека Македонија треба да направи голем исчекор за да дојде на вистинскиот пат. Локалната самоуправа во Куманово е пример во РМ како опстојува една опозициска општина 10 години под владеење на автократската власт на Груевски и неговата свита,- рече Дамјановски
Според професорот Димитар Мирчев, процесот на европската интеграција не е запрен и покрај политичка состојба во државата.
„Не може да очекуваме дека ќе запре тој процес бидејќи се уште нема никакви сигнали дека ќе се запре со преговорите, сето тоа се шпекулации. Сигурно е дека оваа ситуација не кочи, но прашањето ќе се реши иако не се знае за колку време. Ние веќе 10 години сме земја кандидатка а околу 8 години не добиваме термин за преговори.Нема решение на кризата без примена на европските вредности. Без седнување на маса на лидерите на четирите партии и постигнување политички договор, без оживување на Пржинскиот договор и без избори, - изјави Мирчев.
Малинка Ристова Јорданова, смета дека Македонија има реални шанси да влезе во Европската унија за 15 години, додека песимистичките проекции се 30 години.
Панелист на трибината беше и Лидија Димовска, а присуствуваа претставници на политички партии, невладини организации, граѓани, кои дискутираа за актуелната политичка состојба во државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk