Македонија во жолтата фаза - високи температури до крајот на неделата

13.06.2019 09:33 | KumanovoNews

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на следните два дена целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Македонија во жолтата фаза - високи температури до крајот на неделата

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 18, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:

➡️ Заштита од директна сончева изложеност, избегнувајте престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

➡️ Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината);

➡️ Консумирајте лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи;

➡️ Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

➡️ При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

➡️ Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред сѐ климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

➡️ На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk