“Македонија вработува 2„ промовиранa во Липково

12.07.2016 14:29 | KumanovoNews

Вработени во Агенцијата за вработување Куманово, денеска го промовираа проектот „Македонија вработува 2“ во општината Липково.

“Македонија вработува 2„ промовиранa во Липково

Пред канцеларија на АВРМ беа поставени штандови, при што на работодавачите и невработените им беа поделни флаери со мерките кои ги нуди проектот, а беа презентирани и бенифитите што ги добиваат од државата.

 „Успешноста на првиот проект ми дава надеж и оптимизам дека и овој проект ќе даде позитивни резултати и ќе даде свој придоенс во намалување на невработеноста во регионот, - изјави директорот на Центар за вработување Куманово, Милорад Тренчевски.

  Проектот “Македонија вработува 2“ предвидува работодавачот кој ќе вработи лице од 35 до 50 години да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во траење од 60 месеци од денот на вработувањето.

Во четврток караванот „Македонија вработува 2“ ќе ја посети оптината Старо Нагоричане од 9 до 13 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk