Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наставници од Македонија и Бугарија, вклучени во прекуграничниот проект “Сите деца учат заедно“, наредните три дена во Куманово ќе посетуваат обука за работа со деца со пречки во развој.
Проектот го реализира Центарот за развој на североисточниот плански регион.
- Учество ќе земат 20 луѓе од Бугарија и 20 од североисточен плански регион. Тоа се наставници, психолози, социолози од основните училишта кои ќе следат предавање за најновите техники за настава со лицата со посебни потреби. Ќе има претставници од повеќе училишта од нашиот и од регионот на општина Дупница - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.
Наставниците ќе дискутираат за тешкотиите со кои се соочуваат, како да ги стимулираат учениците со посебни потреби, употреба на нагледни средства, краткорочни и долгорочни наставни планови, критериуми на оценување и друго.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk