Македонски и српски цариници пошумуваа на Табановце

06.04.2022 16:18 | Жаклина Цветковска

Македонски и српски цариници, денеска, на граничниот премин Табановце спроведоа акција за пошумување, по повод јубилејни 30 години од основањето на Царинската управа на Република Северна Македонија.

Македонски и српски цариници пошумуваа на Табановце

Имено, царински службеници од двете држави спроведоа акција за засадување на дрвца во меѓупросторот на граничниот премин Табановце- Прешево, а во неа учествуваа и управниците на Царинарница Куманово и на Царинарница Ниш, преставници на Царинската управа, како и полициски службеници од гранична полиција.

 Ова не е прва соработка помеѓу колегите од двете земји, тие веќе неколку пати учествувале во заеднички акции на пошумување на просторот помеѓу двете граници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk