Македонскиот фолклор претставен во Истра

25.08.2010 13:42 | KumanovoNews

 Културно уметничкото друштво "Панче Пешев" за илинденските празници гостуваше во Истарската жупанија на покана македонското друштво на иселеници. Посетата се реализирала како дел од програмата "Кумановско-културно лето 2010" за претставње на  македонската култура.

Македонскиот фолклор претставен во Истра

 Турнејата траеше осум дена,така што секојдневно ги презентиравме нашите македонски песни  во Пула, Ровиљ, Умак, Фунтана и други места, како и одмаралиштето каде што бевме сместени Пунтижела.Со нас беше делегација од Локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој оствари неколку средби со градоначалникот на Пула и Врсак со што веруваме дека во иднина ќе воспиосават економски, спортски и други активности. Сите настапи беа убаво организирани,а најголем дел од гостите беа странци.Настапувавме во еден дел со професионални озвучувања и бини па се до импровизирани бини во хотели, но сепак на најдостоинствен начин  го претставивме нашиот фолклор. Публиката беше презадоволна и изненадена од богатството на нашите песни и ора- Мирослав Крстевкси, претседател на КУД „Панче Пешев„.

 Гостувањето беше посветено и на јубилејот, 15 години успешно постоење  на културното уметничко друштво "Кочо Рацин" од Пула, кое беше домаќин на гостувањето на КУД Панче Пешев.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk