Македонските и бугарски погранични општини ќе се здружат за европски пари

12.04.2018 12:53 | KumanovoNews

Триесетина градоначалници и кметови од пет погранични македонски и бугарски региони, денеска во Куманово дадоа подршка за формирање на Асоцијација на општини од прекуграничните региони на Македонија и Бугарија.

Македонските и бугарски погранични општини ќе се здружат за европски пари

Во Асоцијацијата ќе членуваат општини од североисточниот, источниот, југоисточниот, благоевградскиот и ќустендилскиот регион, а ќе има за цел заедничко наспатување и учество на проекти за прекугранична соработка во фондовите не ЕУ.

„Наша основна задача ќе биде развој на регионите и заедничко лобирање на проекти од областа на социјалната заштита, образованието и културата. Ние општините од Република Македонија ќе го користиме искуството на нашите колеги од соседна Бугарија, и со тоа ќе добиеме поголема можност не само општинити туку и институциите што ние ги претставуваме да се зближат и заедно да аплицираат за европски пари кои ни се ставени на располагање“, -изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој како домаќин и коиницијатор ја образложи идејата пред останатите негови колеги.

Идејата за формирање на Асоцијација на општини од прекуграничните региони на Македонија и Бугарија потекнала од европратеници од Бугарија кон крајот на минатата година во Ќустендил, па таму за еден месец ќе со одржи и конститутивното собрание.

Асоцијацијата доби подршка и од Министерството за локална самоуправа, па соработката на општините ја поздрави заменик министерот Дејан Павлевски, како и од Бугарската амбасада.

            (С.НИКОЛИЌ)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk