Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српските власти се правдале дека морале да ги продатат кравите, бидејќи се наоѓаат во тешка здравствена состојба затоа што нема кој да се грижи за нив.
За да не умрат од прегладнетост, српските ветеринарни служби ги продале кравите на Перица Спасeвски од селото Пелинце, кои минатиот месец ги заплени граничната полиција.Мината среда кравите му биле продадени на лицитација за близу 3000 евра на сопственик на кланица од Врање.
Наредниот ден ме викнаа и ми рекоа дека морале да ги отуѓат за да не им умрат, бидејќи се наоѓаат во тешка здравствена состојба затоа што нема кој да се грижи за нив.Уште кога јас ги видов во Кленике беа едвај живи, а сега можам да замислам какви станале -раскажува потресено Спасевски.
Безуспешни биле обидите на македонскиот граѓанин да докаже пред српските институции дека кравите не се шверцувани, туку негови. Во бирократските лавиринти не помогнала ни докуменацијата за сопственост, сведоците, ниту, пак официјалните македонски институции.
Во петок треба да одам на Судот во Прешево, таму се води постапка за потеклото на добитокот и доколку ме прогласат за виновен ќе мора уште и да платам казна на тамошната држава. Фатив и адвокат. Јас се надевам дека пресудата ќе биде во моја корист, во спротивно ќе барам правно решение за случајот во меѓународни судови-вели Спасевски.
За случајот со запленетиот добиток беа запознаени во МНР, Претседателот на државата, амбасадите во Белград и Скопје, МВР и Граничната полиција и општината Старо Нагоричане, но сите само си ја префрлале вината за надлежност. Семејството е очајно од она што му се случило, и не можат да се помират и со фактот дека биле препуштени сами да се справуваат со меѓуграничен проблем.
Спасевски секојдневно одејќи од врата до врата по институциите во Врања, Бујановац и Прешево изгубил многу пари и нерви, но сепак не успеја во својата штала да го врати добитокот со кој го прехранувал семејството: неговите родители, сопругата и трите деца. Штетата ја проценува над 10 илјади евра, но вели дека со губењето на животните како да изгубиле дел од себе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk