Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мото „Заедно можеме повеќе“, во петок во Куманово ќе се одржи македонски-бугарски бизнис форум.
Идејата е за отпочнување на соработка и размена на идеи на бизнисмени од Општина Куманово со колеги од пограничните општини во Бугарија.
Како што појаснува професорот Веселин Халачев, претседателот на ОБК и член на Одборот на директори на Европска алијанса на мали и средни претпријатија (Брисел), бизнис заедницата од Бугарија и Куманово, треба да ја искористат географската близина и заедно да бидат поконкуренти на пазарот и да ги искорист фондовите на ЕУ.
- Бугарија и Македонија не се многу големи држави и ако ние не работиме заедно, ако не сме обединети тоа значи дека ќе дојде време кога нас нема да не`има на економските меѓународни пазари. Ние зборуваме слични јазици, ние сме како браќа и затоа мора да работиме заедно и понатаму. Нашите бугарски компании се многу заинтересирани за соработка со Куманово бидејќи е на стратешко место коешто е блиску до Бугарија. Вие тука имате и добро развиено земјоделство, сточарство, чевларска индустрија, столарство, текстилна индустрија, така што имаме такви компании кои сакаат да соработуваат, за да можеме обединети да работиме заедно и да овозможиме поголем дел од нашите продукти да излезат на надворешниот пазар, како што се Кина или Русија, бидејќи тие бараат поголемо количество,- додава Халачев.
Бизнис форумот ќе се оддржи во Занатечискиот дом, а ќе присуствуваат амбасадорите на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, градоначалникот Максим Димитриевски, и градоначалници од двете држави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk