Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата политичка партија Движење ЗНАМ - За Наша Македонија, синоќа во Куманово одржа основачко собрание на кое за претседател е избран Максим Димитиревски, градоначалник на Куманово.
За членови на Извршниот одбор изберени се: Генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, членови на Надзорен одбор се: Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.
„На собранието присуствувале поддржувачи од целата држава. За дел од работното претседателство изберени се проф. др. Катерина Тодороска и Емил Јанески, а на предлог на госпоѓа Жанета Делова, претседателка на Здружението "Тиквешка заедница за напредок и просперитет", Максим Димитриевски е избран за претседател на политичка партија Движење ЗНАМ - За Наша Македонија“, соопштуваат од партијата.
Мотото на партијата е „Македонија се буди! Време е за промени!“
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk