Максим Димитриевски ќе биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Куманово

06.06.2025 13:49 | KumanovoNews

Максим Димитриевски ќе биде кандидат на ЗНАМ за трет мандат за градоначалник на Куманово.

Максим Димитриевски ќе биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Куманово

Ова денеска го кажа Игор Филков, на прашање дали партијата преговара со својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на локалните избори.

„Во моментот преговорите се во тек. Но, она што можам да го потврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во  Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски“, рече Филков.

 Димитриевски е два мандати градоначалник на Куманово, првпат како кандидат на СДСМ, а пред 4 години како независен кандидат дојде на власт и со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, по што направи коалиција во Советот на Општината. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk