Максим Димитриевски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово

27.08.2021 05:56 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на престојните локални избори на 17 октомври. 

Максим Димитриевски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово

Димитриевки денеска ќе ја достави неговата кандидатура до ДИК и ќе започне со собирање на потписи, дознаваме од сигурни извори.

Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат за градоначалник уследи откако не доби поддршка од СДСМ за уште еден мандат. 

Иако неговата матична партија се уште калкулира со името за Куманово, извесно е дека Димитриевски не е фаворит.

На престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk