Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски, поднесе неотповиклива оставка на местото прв човек на Советот на општина Куманово.
Вака налага процедурата, бидејќи Димитриевски е избран за пратеник во Парламентот на Република Македонија и мора да ја напушти советничката функција.
„Огромна чест и задоволство ми беше да ги претставувам граѓаните на Куманово и да работам со вас во изминатите 4 години. Со некои луѓе во Советот влегов како пријател а излегувам како другар. Оддавам признание на советниците од позицијата и опозицијата како и на градоначалникот за конструктивната работа во изминатиот период, - рече во својата оставка Димитриевски.
Со 27 гласови за и два против од советниците беше прифатена оставката на Димитиевски.
Потоа беше побарана пауза за да Комисијата за мандатни прашања и именување достави предлог за наследникот на Димитриевски. Наеофицијално за претседател на Советот ќе биде предложан Александар Арсиќ, досегашен координатор на советничката груп на СДСМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk