Мал број предлози за Ноемвриската награда

04.11.2013 14:10 | KumanovoNews

 Само 7 предлози за доделување на Ноемвриска награда пристигнале годинава до општинската комисија.

Мал број предлози за Ноемвриската награда

За највисокото општинско признание во областа на културата предложени се: Славица Крстиќ историчар на уметност, Мерилин Стојановска балетско студио “МАК“, Севдаиљ Демири . Од областа на градежништвото предложени се “Карабин“ ДООЕЛ Куманово, како и професорите Елизабета Секирарска, Југослав Спасиќ и ОУ “Магдалена Антова“ за достигнувања во воспитно - образовна дејност.

Комисијата сега има прелиминарни состаноци, да ги разгледаме овие предлози, да сами донесеме свое мислење, па и да чуеме некоја сугестија од нашите сограѓани кој би бил најпрестижен да го понесе ова престижно признание. До крајот на неделата ќе ги соопштиме резултатите и комисијата ќе излезе со соопштение кој е овогодинешниот добитник на Ноемвриска награда на град Куманово - изјави Снежана Захариева, претседател на Комисија за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации.

Минатите години имаше многу поголем интерес за добивање на Ноемвриската награда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk