Мал број ученици дојдоа на екстерно тестирање

26.01.2015 15:25 | KumanovoNews

Со исклучок на Гимназијата “Гоце Делчев“ каде се тестираа 60 отсто од учениците, во стручните училишта во Општината, бројот на тестирани ученици е многу помал.

Мал број ученици дојдоа на екстерно тестирање

Иако сите предуслови беа обезбедени во техничкото училиште „Наце Буѓони„ од 199 ученици, се тестирале 55 ученици.

“Од учениците кои следат настава на албански наставен јазик на екстерното не се појавил ниту еден ученик“ - кажа  Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

Само тројца ученици од средното стручно училиште „Перо Наков„ го завршиле тестирањето, соопштија надлежните.

„Вкупно имаме 135 ученици од завршните години кои настава следат на македонски и 22 на албански јазик „- вели директорката Лидија Тасевска.

Во „Киро Бурназ„ се тестираа 16 од вкупно 74 пријавени ученици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk