„Малата сирена“ премиерно во Кумановскиот театар

07.03.2019 13:04 | KumanovoNews

Претставата „Малата сирена“ по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Бојана Краљевска, утревечер премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар.

„Малата сирена“ премиерно во Кумановскиот театар

Ова е прва претстава за најмладите во која публиката ќе ужива во двата света, морскиот и копнениот, светот на принцови, морнарите, на сирените рибите, школките, коралите.

Се надевам дека успеавме да направиме добра претстава и нема да ги разочараме најмладите, напротив ќе ги освоиме, изјави Краљевска.

Актерката Русеска ја игра малата сирена, а нејзините колеги  Никица Јовановски и Кети Дончевска Илиќ ги толкуваат улогите на рибата Ушко и на вештерката од морското дно.

 Во претставата играат  и Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Дубравка Киселички,  Жарко Јовановиќ и  Владо Дојчиновски.

Почетокот е во 18.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk