Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници на етничките заедници во советот на општината Куманово се пожалија дека не добиваат сретства од општината за одбележување на културните манифестации во градот.
Според нив, дури и оние кои се влезени во програмата, со години не им се покриени направените трошоци.
Српската заедница две години не добила пари за културната манифестација Светосавска академија и годишниот концерт на КУД „Српски вез“. Воопшто не знаеме дали воопшто на некого се исплаќаат одобрените сретства, бидејќи тоа не е наведено во извештајот, па да видиме кои организации се фаворизирани,- праша советникот Бобан Јаќимовиќ од ДПСМ.
Советникот Ашмет Османовски, пак, имаше забелешка дека пари за Денот на Ромите-8 август добиваат членови на СДСМ кои организираат партиски средби, без присуство на сите претставници на ромската заедница.
Советниците на опозицијата не беа задоволни од квалитетот на извештајот за програмата за културните манифестации во 2014 година, и го нарекоа список на манифестации, за кои нема наведено дали се одржани, ниту пак колку сретства се потрошени.
Поради тоа советникот Драган Петковски побара да се повлече точката и да се доработи извештајот, што не беше прифатено од позицијата.
Раководителот на одделнието за култура Цоки Ристевски, се правдаше дека општината се наоѓа во тешка финансиска состојба и поради тоа не се исплатени сите обврски кон невладините организации и организаторите на манифестациите. Според него тоа не значи дека во наредниот период нема да ги релизират своите обврски. Во однос на барањето да се издвојат финасиски сретства за КУД „Српски вез„, Ристевски рече дека ниту едно друштво во градот не добива пари за својата работа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk