Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што завчера попладне се случила на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово.
Во сообраќајната несреќа околу 18.30 часот учествувале патничко моторно возило БМВ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Ќ.(19) од Куманово, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознака, управуван од 17 годишник од село Биљановце и паркирани возила БМВ, ауди и сеат.
Возачот на моторциклот и неговиот 15 годишен сопатник биле пренесени во ургентниот центар во Куманово каде кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk