Малолетници пријавени за врсничко насилство

20.11.2019 16:02 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривични пријави во два одвоени случаи за врсничко насилство, кои се случиле во дворовите на основно и средно училиште во кумановско.

Малолетници пријавени за врсничко насилство

 Како што информира СВР Куманово, во првиот случај поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 05.11.2019, во двор на училиште во кумановско село, пријавениот физички нападнал 13-годишен малолетник и му нанел тешка телесна повреда.

Во вториот случај се работи за Ш.Р.(18), еден 17- годишен и еден 16-годишен малолетник, сите од с.Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Пријавените, на 31.10.2019, во двор на средно училиште во Куманово физички го нападнале А.И. и со метална палка му нанеле тешки телесни повреди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk